Ако во минатиот текст ви го претставивме модното студио „Дама“, денеска креативните девојки Маја и Данка кои работат зад брендот нѝ нудат три новогодишни предлози.

Станува збор за куси фустанчиња со уникатни детали во кои веруваме дека ќе се заљубите на прв поглед.

Нивните предлози се во сигурните црна, бела и темна сина претставени преку нежни и високо квалитетни материјали како памук, свила и скај со елегантни светки по површината.

За оваа новогодишна ноќ девојките предлагаат кусо фустанче во А – крој со три четврт ракави во црно – бела варијанта со интересна лента со светки во предниот дел.

Вториот предлог на девојките е тесно кусо фустанче во две бои со интересно закопчување во предниот дел и со долги ракави.

За сите оние кои сакаат да блеснат на новогодишната ноќ, модно студио „Дама“ предлага светкаво здолниште во темно сина боја со бела кошулка и неодолива јака во задниот дел.

Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се уште сега за најлудата ноќ! 

Спонзорирана објава
Објавено:
17 декември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.817 пати