NYFW: Новите модни трендови и не се нови

11 септември 2013

Голем број познати имиња и брендови се претставија вчера на модната недела во Њујорк. Присутните таму имаат можност да ги видат најновите трендови, кои ако погледнеме и споредиме со оние од оваа година, и не се така нови. Не само кај овие дизајнери, туку и воопшто на модната недела во Њујорк, барем досега, многу често се повторуваа трендовите. Цветните дезени, црно-белите комбинации, текстура, металик нијансите се и понатаму актуелни. Така што, ако оваа пролет бевте од оние што ги следеа трендовите, слободно зачувајте си ги трендовските парчиња и за следната. Внесете само иновација во комбинирањето. Во продолжение ви претставуваме дел трендовите на дизајнерите што се претставија на петиот ден од модната недела во Њујорк.

Нарцисо Родригез

НАРЦИСО

Овој дизајнер го враќа сексапилот во центарот на вниманието. Во неговата колекција за пролет 2014 се истакнуваат мини здолништата и шорцеви искомбинирани со топови - кожата не се крие. Сепак, Родригез многу внимавал на деталите, па остро исечените работи, специфичната текстура, како и доминацијата на црната и белата боја се тренд кој што жените несоменено ќе го практикуваат.

Оскар де ла Рента

Оскар

За пролет 2014, познатиот дизајнер создаде гламурозна и разнобојна колекција, за која инспирацијата ја нашол во елизабетанската ера. Цветни дезени, точкасти дезени, бисери и тантела, фустани во А крој и речиси кружни здолништа, се најсилните тренд-адути за следната пролетна сезона.

Marc by Marc Jacobs

Марк

Главниот адут на колекцијата за пролет 2014 се металик нијансите. Така од Џејкобс можете да видите металик јакни, мантили, фустани и комбинизони во стилот на Дејдид Боуви. Ако сте љубител на ексцентричноста, тогаш веројатно се радувате на овој тренд.

J.Crew пролет 2014

J.Crew

Се чини дека никој не ги меша трендовите поуспешно од овој бренд. Така е и за колекцијата пролет 2014. Широки панталони, широки но кратки топови, односно маици, различни бои и дезени, најчесто изразени во модните додатоци, ја прават оваа колекција посакувана и мошне нослива. Особен впечаток оставаат чевлите дизајнирани од Софија Вебстер, кои одговараат на ногата на секоја жена.

Тори Бурч

Тоори

Дизајнерката за колекцијата пролет 2014 инспирацијата ја најде во Француската Ривиера од 1960-тите. Тори со своите модели сака да ги повика сите жени во еден прекрасен ботанички свет, во бела и коралана боја. Ова е една од дизајнерките кои точно знаат што ви е потребно за една забава во градина, а тоа го потврди и овој пат.

Објавено:
11 септември 2013
Категорија: 
Тренд