Обожуваме да носиме кошула во пруги!

30 јануари 2018

Класичната кошула во пруги е модифицирана во толку различни верзии што може да ја комбинираме за секоја прилика.

Покрај тоа што важи за базично парче во деловниот дрес код, веќе неколку сезони наназад редизајнираниот крој како што е оној со голи рамена или „ѕвонести" ракави со карнери, го издвоија ова парче како тренд што сите го обожуваме.

Во зима, кошулата во пруги ја носиме во комбинација со плетен џемпер, кардиган или сако, со панталони со висок струк, џинс или миди здолниште.

Актуелната верзија на кошула-фустан е одличен избор за слоевито комбинирање во зимскиот аутфит, со макси капут или предимензиониран шал.

Впечатливи идеи ќе најдете и во секогаш инспиративната улична мода.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
30 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.075 пати