Одела во интензивни нијанси ќе ја обојат оваа пролет

28 февруари 2019

Тенденцијата на дводелни костуми продолжува и оваа пролет. А кој може да им одолее?

Оваа сезона ќе бидеме уште похрабри во изборот на бои, па ќе носиме дводелни одела во интензивни нијанси: жолта, сина, зелена, виолетова, црвена...

Покрај тоа што со овој богат колорит ќе го освежиме нашиот деловен имиџ, истовремено комбинацијата на блејзер и панталони ги носиме и во урбано издание, со патики, а секогаш овој аутфит изгледа впечатливо и елегантно во контекст на вечерен стајлинг, во комбинација со високи потпетици и накит.

 


 

Објавено:
28 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.513 пати