Веќе долги години таа е една од омилените блогерки во светот и дама чиј стил го обожаваат девојките ширум светот и дизајнерите постојано ја ангажираат за разни кампањи.

Оливија Палермо секогаш прави посебни комбинации кои пленат со креативност и стилски парчиња, па секогаш можеме да црпиме инспирација од неа.

Таа често комбинира парчиња во разни бои, текстури и материјал, па можеби и затоа многумина од прва се вљубуваат во нејзините комбинации.

Секогаш на комбинациите им дава посебен дух со внимателно одбрани парчиња накит и разни модни додатоци, па токму затоа ја обожуваат и голем број брендови чија муза е токму таа.

Во пресрет на продолжениот викенд, ви предлагаме да погледнете неколку нејзини комбинации што дефинитивно ќе ве инспирираат да блеснете каде и да планиравте да се забавувате.

Објавено:
5 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.580 пати