Оливија Палермо изгледа одлично во унисекс комбинации на NYFW

13 септември 2018

Влијателните модни блогерки секогаш го привлекуваат вниманието на стручната, но и глобалната јавност, особено за време на модните недели низ светските модни метрополи, затоа што токму нивниот стил е репер за тенденциите што ни претстојат.

Неизбежно, една од омилените блогерки Оливија Палермо, е секогаш во фокусот на објективот на фотографите што ја документираат светската улична мода, а така е и деновиве додека е во тек Модната недела во Њујорк.

Проследувајќи ги нејзините досегашни стилски комбинации на NYFW, може да резимираме дека Палермо овој пат акцентот го ставила на унисекс комбинациите во кои изгледа фантастично.

Парчиња позајмени од машкиот плакар, оваа сезона се нејзини фаворити, а се имплементирани во различни варијанти во нејзините фантастични стајлинзи.

Дведелниот костум таа го комбинира со бели патики, а блејзерот со широк крој го спои со кратки бели шорцеви и елегантна, свилена маичка на прерамки. И покрај тоа што доминираат унисекс парчињата во нејзините аутфити за време на њујоршката модна недела, сепак неодоливиот женствен шарм е заеднички именител за секој од нив.

 

Објавено:
13 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
403 пати