Омбре - моден тренд и кај мажите

23 јули 2014

Еден од главните трендови што се појавија минатата година, а се уште траат е и омбре ефектот. Но, не само кога е косата во прашање, туку и изгледот на материјалите. Нијансираните ткаенини станаа инспирација за бројни дизајнери и тоа не само кога е женската мода во прашање, туку и за машките парчиња.

Ричард Џејмс е еден од дизајнерите кој создаде колекција користејќи се токму со омбре материјал, создавајќи поло маици и тоа најчесто во розови нијанси - од неонско розова до бледа нијанса на лаванда.

Истото го сторија и Џорџо Армани и Вивијан Вествуд на маиците и кошулите, што совршено се вклопија во летното расположение и фестивалската сезона.

Едни од највпечатливите машки модни парчиња на оваа тема доаѓаат од Фенди, каде има комбинација на бела и жолта, односно бела и бронзена.

Судејќи по најавите за трендовите за сезона пролет-лето 2015 година, омбрето се уште ќе биде актуелно и тоа не само на кошулите и маиците, туку и на шорцевите, јакните, блузите... Ограничувања со бои нема, треба да го изберете само она што ви се допаѓа.

ombress15

Во продолжение погледнете неколку предлози.

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Тренд