Омилениот пролетен фустан доаѓа во нови бои

17 февруари 2016

Сигурно се сеќавате на неодоливиот „Азелеа“ фустан на модната куќа Self Portrait што минатата година беше апсолутен хит обожуван од девојките ширум светот...

Токму тој прекрасен фустан, во пресрет на пролетта доаѓа во нови бои што се поубави од кога и да е.

Овој фустан за прв пат можевме да го видиме кај познатите блогерки Блер Иди и Ејми Сонг кои на своите блогови ги промовираа црвениот и бел модел.

Она што е особено прекрасно кај овој фустан е тантелата од која е изработен која впрочем му ја дава и сета нежност што му е потребна на еден фустан.

Девојките го обожуваат овој модел заради неодоливото деколте и тенките прерамки, а одличниот А – крој на фустанот и прилега буквално на секоја девојка.

Фустанот чини околу 300 евра што дополнително ја зголемува побарувачката за овој фустан кај девојките.  

Објавено:
17 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.252 пати