Омилените панталони за оваа зима...

28 декември 2015

Панталони со ултра широки ногавици, со макси и миди должина, се есенцијално парче за оваа зима.

Поради фактот дека се екстра удобни, а истовремено елегантни и дамски, овие панталони веќе се омиленото зимско парче на светските трендсетерки, но и на хероините во уличната мода.

Своја верзија на овие панталони имаат и најпознатите „high street" брендови, па изборот во однос на бои, дезени и принтови е огромен.

Уште една предност е што ја издолжуваат фигурата, а одлично се комбинираат со кошули, кратки јакни, долги џемпери или палта без ракави.

 

Објавено:
28 декември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.047 пати