Се чини дека ова е од оние здолништа што никогаш нема да излезат од мода и кои станаа вистински класици. Иако беше хит минатата сезона кога некако го вративме на пиедестал од плакарите на нашите мајки, девојките го обожаваат и оваа сезона.

Станува збор за елегантното плисирано здолниште со должина до под колената кое можете да го комбинирате на безброј начини.

Омилено е бидејќи е соодветно за било која пригода, па така можете да го носите на работа во оние денови кога сакате да се дотерате, на некоја стилска забава, па дури и на свадба или некоја свеченост доколку го комбинирате со соодветна блузичка.

Девојките оваа есен му даваат друга димензија со тоа што го комбинираат со едноставни памучни долги блузи, но секако тука се и елегантните кошулки и палта врз кои не забораваат да стават ремен за уште подобар впечаток.

Лесно е за комбинирање и со чевли, па така во студениот период носете го со чизми до колената, до глуждовите или пак со едноставни бели патики за удобни денови.

Ако сè уште не сте си набавиле вакво плисирано здолниште, направете го тоа уште денеска бидејќи ќе биде една од најдобрите инвестиции било кога.

Инфо: Elle.rs

Фото: Pinterest 

Објавено:
12 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.321 пати