Ова е фустанот што ќе ја одбележи есента, а им прилега на сите!

7 август 2019

Социјалните мрежи веќе подолго време служат како место на кое секогаш можеме да видиме што следно ќе биде во тренд и да се подготвиме пред да започне новата сезона.

Тоа беше случај и со фустанот што ќе го видите во продолжение, а за кој девојките ќе кажат дека ќе биде вистински хит оваа есен.

Дека едноставните кроеви и материјали повторно се меѓу омилените, докажува и овој модел на фустан што е толку обожуван бидејќи ѝ прилега на секоја форма на тело.

Можеби веќе претпоставивте, фустанот е со потпис на познатиот high street бренд Зара, а со него доаѓаат и многу други интересни модели.

Можете да го набавите во двете омилени бои, црна и бела и да го комбинирате буквално со што и да посакате.

Фустанот е широк, така што може да го носи секоја девојка со различен тип на градба, ракавите се до лактите, па можете да го носите и во топлите, но и во оние денови кога времето ќе биде посвежо.

Поради огромниот интерес на јавноста, овој модел се очекува повторно да биде ставен на продажба, со оглед на тоа што еднаш веќе се распродаде.

Погледнете како девојките го носат овој едноставен, но супер впечатлив фустан во последните денови од летото.

Инфо и фото: Tportal.hr, 

Објавено:
7 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
607 пати