Ова е најдобрата шега што некој му ја направил на Дејвид Бекам

12 март 2019

Откако Џејмс Корден дознал дека Дејвид Бекам сè уште не ја видел целосната верзија на неговата статуа што треба да биде презентирана на стадионот на LA Galaxy, решил да се пошегува со него.

Тоа дефинитивно му успеа, а скриените камери снимија видео на кое денеска нема да престанете да се смеете.

Она што сите обожаватели на згодниот спортист го забележаа е дека тој остана смирен и културен во секоја ситуација, иако имаше многу на кои можеше бурно да реагира.

Инаку, видеото почнува кога фудбалерот доаѓа во просториите на LA Galaxy од каде за кратко време на теренот треба да биде промовирана неговата статуа, за која претходно имал неколку забелешки што требале да се поправат.

Во моментот кога скулпторот, инаку актер, ја открива статуата, Бекам забележува дека забелешките не само што не се коригирани, туку се и повидливи од претходно, па така тој е прикажан со голема брада, задник и ултра долги раце.

Сосема на крајот, при обид да се транспортира статуата со цел да се промени најбрзо што може, истата паѓа на што фудбалерот вели дека му направиле голема услуга.

Во тој момент, се појавува водителот кој му кажува дека е скриена камера, а фудбалерот во шок почнува да се смее.

Видеото за кратко време стана вирално, а доколку сè уште не сте го погледнале, ова е добар момент да се расположите денеска.

 

Објавено:
12 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.268 пати