Ова е најпосакуваната зимска јакна

11 јануари 2017

Ем кожена – ем топла – ова е најпосакуваната јакна сезонава, особено ако судиме по изгледот на познатите трендсетерки.

Широка, со крзно од внатрешната страна, ова парче од брендот Acne Studios е идеално за повеќе комбинации.

Популарните личности најчесто ја комбинираат со лежерни парчиња, а одлично оди со големи шалови, капи.

Иако сега можеби и не е идеалното време, сепак одлично стои и на здолништа или волнени и памучни фустани.

Инаку, оваа јакна има неколку верзии и е хит веќе неколку сезони наназад. Риајана, Кендал Џенер, Алекса Чанг, Кира Најтли, бројни модни блогерки се само дел од оние што ја имаат во својот гардеробер.

 

Објавено:
11 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.086 пати