Ова е најубавиот џемпер сезонава

19 октомври 2018

Парчињата на брендот ba&sh се едни од оние во кои девојките инстантно се вљубуваат, а оваа сезона токму оттаму доаѓа и најубавиот модел на џемпер кој знаеме дека веднаш ќе посакате да го имате.

Она по што се познати е нивната оригиналност и впечатливост, иако во нивната понуда често ќе најдете и познати тренди парчиња.

Омиленото парче сезонава е овој мек и нежен џемпер во прекрасна сина нијанса, кој иако не е баш соодветен за студеното време, сепак е неодолив.

Материјалот од кој е изработен прават да биде доволно топол да може да го носите и во зима, но со оглед на тоа што има длабок отвор на грбот, мора добро да внимавате со што ќе го комбинирате.

Токму тој отвор на грбот му дава доза на женственост и е нешто поради што девојките се вљубија во истиот на прв поглед.

Овој џемпер совршено ќе изгледа во комбинација со кожено здолниште, со фармерки со висок струк, со шик панталони и со сè останато што ќе помислите.

Ако сезонава ви требаше совршен џемпер за сите пригоди, тогаш ова е вистинското парче за вас.

Објавено:
19 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.351 пати