Ова е трендот што го фаворизираат блогерките на Инстаграм

27 ноември 2018

Оваа зима повторно се актуелизираат трендовите карактеристични за 90-те, секако во модернизирана верзија. Па затоа не е изненадување што модните блогерки на Инстаграм ги гледаме во ретро изданија како современа реплика на уличниот стил од 90-те.

Ако ги следите популарните инфлуенсерки ќе забележите еден заеднички фаворит кај сите нив оваа сезона – карираниот дезен.

Во нивниот секојдневен стил, карираниот дезен е присутен во секој сегмент.

Интересно е тоа што карираниот дезен се комбинира и во деловниот стил, како што е на пример комбинацијата со карирано сако или карирани панталони.

Здолништата и макси фустаните со кариран дезен се можеби и најавтентично потсетување на гранџ стилот од 90-те, а денешните модни блогерки ги комбинираат со високи чизми, кожени јакни и качкет.

Овој дезен е присутен и кај модните додатоци, па доклолку сакате да го вметнете во вашиот секојдневен стил, тогаш одберете кариран шал, ранец или шапка.

Фото: Инстаграм, Пинтерест

Објавено:
27 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.375 пати