Ова е здолништето на годината што ги освои сите девојки!

17 август 2018

Летото е совршено време за носење на фустани, но никако не смееме да ги заборавиме и здолништата кои се совршен начин да се справиме со топлото.

Никако не заобиколувајте ги и кога станува збор за некоја посебна пригода, каде можете да комбинирате впечатливо здолниште со едноставна маичка или романтична кошулка.

Кога овој модел на здолниште беше прикажан во есенската колекција на Версаче, листата на чекање за истиот одеднаш стана неверојатно долга.

Станува збор за фантастичен модел на Версаче, кој потсетува на ретро парчињата што брендот ги правеше во 90 – тите години.

На пистата, дизајнерите здолништето го комбинираа со едноставна бела маичка со логото на брендот, а одозгора црн корсет и шик ремен со што направија совршен спој на луксуз и улична мода.

Здолништето има неколку слоеви, изработено е од квалитетен материјал со неодоливи принтови и има длабок отвор на едната нога.

Истото можеме да го видиме како дел од комбинациите на светските блогерки и познати дами, а речиси сите го комбинираат токму со такви лежерни маички.

Извор и фото: Elle.rs

Објавено:
17 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.563 пати