Ова е здолништето што ќе биде хит пролетва – веројатно веќе го имате во вашиот плакар

31 јануари 2020

Ако во вашиот гардеробер имате здолниште со карнери, тогаш подгответе го за претстојната, пролетна сезона, затоа што се најавува како моден хит.

Бохо вибрациите на 70-те ќе бидат повторно присутни токму преку овој модел на здолништа, кај кои главниот акцент ќе биде на играта со карнери: асметрични, масивни, суптилни, во мини или миди крој...
Пролетните колекции на Сен Лоран и Селин ни илустрираат како всушност ќе изгледа модернизираната верзија на овие парчиња.

Нивната разиграна, хипи естетика, идеално се вклопува во романтичната слика на претстојната сезона.

Фотографиите во продолжение дополнително ќе ве мотивираат како да го комбинирате хит-здолништето за пролетва.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
31 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.443 пати