Ова ќе бидат најактуелни трендови во 2018 според Пинтерест!

9 јануари 2018

Во своите почетоци Пинтерест се профилираше како платформа каде во секое време можевме да најдеме инспирација во однос на различни теми, пред сè со креативен предзнак. Но, статусот на оваа социјална платформа прогресираше до тој степен што денеска, покрај тоа што е неверојатен извор на идеи, исто така е многу значаен фактор што диктира трендови на различни нивоа.

Во овој контекст, Пинтерест веќе има своја статистика за тоа кои ќе бидат најактуелни модни трендови во 2018-та.

Според оваа статистика, безвременскиот џинс останува меѓу најактуелните тенденции и годинава, исто како и слоевитото облекување и предимензионираниот накит, но во листата се имплементирани и неколку ретро трендови од 90-те години што во 2018-та повторно ќе ги имаме во предвид кога е во прашање нашиот стил.

Кои се тие погледнете во листата во продолжение.


Предимензионирани обетки


Беретки


Облека со додатоци


„Ѕвонарки"


Џинс


Лакирана еко-кожа


Слоевито облекување


Акцент на чорапите

Објавено:
9 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.597 пати