Веројатно отсекогаш важи правилото дека секоја жена треба да има барем еден црн костим за капење во плакарот, па ако сте една од тие, сега е време да го пронајдете.

Оваа сезона вистински хит се едноделните црни костими за капење со длабок V израз, а тие се меѓу омилените бидејќи прилегаат речиси на секоја фигура на тело.

Ваквите костими ќе го свртат вниманието кон вашето деколте и визуелно ќе ви ги издолжат нозете, а сезонава доаѓаат и со разни детали и украси.

Црните едноделни костими уште од 90 – тите важат за едно од омилените парчиња на жените ширум светот, благодарение на бројните американски серии во кои беа промовирани од секси актерките.

Доколку сте од оние кои сакаат да уживаат по цел ден во костим за капење, истите можете да ги комбинирате со некои шик фармерки или тексас здолниште и без двоумење да продолжите на ноќните журки.

Познатите дизајнерски куќи, но и high street брендовите сезонава нудат огромна понуда на вакви костими за капење, а на вас останува да го одберете вашиот фаворит.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
828 пати