Ова се модните дизајнери кои создаваат декоративни колекции за уредување на домот

17 март 2014

Се почесто, модните дизајнери се активни надвор од нивното матично поле на креирање облека и модни додатоци, па експриментираат со својот талент во нови уметнику димензии.

Познати дизајнери и модни куќи соработуваат со компании за декоративно уредување на домот создавајќи етикетирани производи со дизајнерски потпис.

 

Kenzo Maison

Кензо е моден бренд кој особено ја возбудува урбаната улична мода, но под етикетата Kenzo Maison секоја година создава три нови колекции за уредување на ентериерот кои вклучуваат изработка на различен тип на мебел и декоративни украси за естетско збогатување на домашниот амбиент. Последната таква едиција изобилуваше со богати детали, колоритни принтови и мебел обоен во светли нијанси, секогаш надополнети со јапонски мотиви.

 

Раф Симонс за Квадрат

Првата текстилна колекција на креативниот директор на Диор, Раф Симонс за познатата европска компанија за текстил, Квадрат предизвика особен интерес кај јавноста благодарение на успешниот дизајнерски експеримент. Истата вклучува ексклузивни аксесоари наменети за современото домување, како перници и ќебиња изработени од волна и кашмир.


Nina Ricci Maison

Минатата зима, модната дизајнерка Нина Ричи ја лансираше својата прва линија на декоративни елементи за домувањето, односно текстилна колекција наменетa за создавање опуштен амбиент во спалната, под етикетата Nina Ricci Maison.

Истата се состои од удобни бањарки, пешкири, па дури и душеци во доминантна розова, виолетова и сива боја.

 

 

Објавено:
17 март 2014
Категорија: 
Тренд