Ова се најубавите летни фустани од ресорт колекциите за 2015!

23 јуни 2014

Со оглед на тоа што ова е сезона на ресорт колекциите за 2015 година, време е да ги избереме најубавите фустани што ни ги предлагаат светските модни куќи досега.

За вас, ги одвоивме оние што оставија најголем впечаток, а од кои можете да си одберете по некој за секоја пригода.

Бидејќи се чини колекцијата на Клое остави можеби и најголем впечаток од ресортите за следната сезона, токму таму можеме да најдеме и некои од најубавите летни фустани.

Chloé

Па така, за вечерните свечени пригоди, од модната куќа ни ја предлагаат безвременската црна боја овојпат преточена во тотално модерни фустани од прекрасен материјал со транспарентни делови како никогаш досега. За оние полежерните моменти, од модната куќа предлагаат фустани во свежи бои со интересен крој што ги комбинираат со чевли во тотално контрасни бои.

Chloé

За следната сезона голем број од дизајнерите предлагаат фустани во претежно светли бои, во кои и овојпат преовладува белата. Па така, модните брендови како Гучи, Дерек Лам, Тес Гиберсон, Вес Гордон и Мулбери во нивните ресорт колекции создадоа тотално кул и неверојатно носливи бели фустани.

Gucci

Каролина Херера, според нејзината ресорт колекција, жената за 2015 година ја замислува како неверојатно гламурозна дива која освојува со ултра женствените лелеави и лежерни фустани, но и со оние свечените со скапоцени везени моменти на истите.

Carolina Herrera

Нешто сосема поинакво од ресорт колекциите за следната сезона, ни нуди талентираната креативка Стела Мекартни во чија колекција имаше сосема поинакви принтови од сите останати кои апсолутно повикуваат на долго топло и забавно лето!

Stella McCartney

Уживајте во останатите најубави летни фустани од ресорт колекциите!

Објавено:
23 јуни 2014
Категорија: 
Тренд