Веќе некое време парчињата со везени детали се едни од омилените на девојките, па така многу често можеме да видиме фантастични модели во речиси секоја нова колекција на брендовите.

Без разлика дали станува збор за тексас парчиња, како фармерки или јакни, или пак лежерни и лесни фустанчиња, везените апликации се едни од најпосакуваните сезонава.

Јаките бои и раскошните цветни мотиви се совршена декорација за секое парче оваа пролет, особено на оние етно модели на фустани кои се најбарани.

Токму фустаните повторно се истакнуваат како омилени меѓу девојките, без разлика на нивната форма, боја или должина.

Почнувајќи од наједноставни секојдневни модели, па сѐ до вечерни фустани за различни прилики, моделите со везови оваа пролет се и повеќе од задолжителни.

Девојките за преку ден ги обожаваат лесните и лежерни модели од лен како еден од најпосакуваните материјали во текот на летото, комбинирани со едноставни сандали и модни додатоци.

Популарните high street брендови нудат едноставни модели, но и такви со волуменозни карнери, со интересни кроеви и други специфични детали.

Во галеријата погоре ќе погледнете дел од најубавите фустани за ова лето, а доколку сѐ уште немате еден ваков во плакарот, тогаш што побрзо задолжително набавете си еден.

Фото: Journal.hr

Објавено:
7 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.386 пати
Извор: 
journal