Се чини дека карираните мотиви никогаш не излегуваат од мода, а оваа есен ќе носиме панталони токму со ваков принт.

Иако на прв поглед изгледаат многу впечатливо, со соодветна маичка, кошулка или џемпер во есенските денови, изгледаат совршено.

Популарните high street брендови веќе ги донесоа најпопуларните модели, а оваа година тие доаѓаат не само во сива, туку сини, жолти и црвени тонови.

Карираните панталони ги носиме со лежерни широки кошули, маички со принт, спортски блузони, цемпери и разни јакни.

Комбинирајте ги со ниски чизми или патики или пак високи потпетици за совршен деловен изглед.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
15 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.773 пати