Оваа модна блогерка прави извонредни комбинации со неутрални тонови

15 февруари 2019

Ако некогаш се посомневате во атрактивноста на неутралните тонови, погледнете го профилот на блогерката Сара Лиза Захтлибен.

Оваа германска модна блогерка е верна на неутралните тонови и речиси сите нејзини комбинации се монохроматски, во неутрални нијанси, а сепак се тренди, шик, инвентивни и далеку од досадни.
Нејзината вештина е во тоа што секогаш внимава на слоевитоста на нејзините аутфити, комбинирајќи различни ткаенини, дезени и додавајќи модни додатоци со кои секогаш постигнува атрактивен и впечатлив ефект.

Така на пример свиленото беж здолниште го комбинира со плетен џемпер во неутрална нијанса, а комбинацијата ја заокружува со чизми со змиски принт.

Предноста на ваквите неутрални, монохроматски комбинации е тоа што соодветно може да се применат за различни прилики и во опуштени и неформални моменти, но може да ги имате во предвид и за формални или свечени настани.

Еве како оваа блогерка ги спојува во секогаш интересни целини.

 

Објавено:
15 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.752 пати