Веќе неколку сезони сме вљубени во парчињата со карнери кои се појавија пред многу години, но никако не можеме да се збогуваме со нив.

И оваа пролет девојките повторно ќе ги обожаваат, па време е да ги пронајдете вашите омилени парчиња од плакарот или пак да си набавите нови во кои ќе блеснете.

Во голем дел од продавниците веќе има и нови модели на парчиња со карнери, но секогаш се добредојдени и оние кои веќе ги имате доколку ги комбинирате поинаку од досега.

Сите овие парчиња ќе ги освежат вашите секојдневни комбинации и ќе внесат позитивна енергија, а верувајте дека сите ќе го пофалат вашиот изглед.

Девојките на Инстаграм веќе ги направија првите комбинации со овие супер пролетни парчиња, па така можеме да ги видиме како комбинираат едноставни светли фармерки со висок струк и блуза со впечатливи карнери, кошула со лелеаво здолниште, па дури и палта со строг крој разубавени со по некој карнер.

Фустаните со карнери се совршени за пролетната свадба или забавата што е пред вас, а одлични се и за на работа доколку ги комбинирате соодветно за приликата.

Во галеријата погоре се потсетуваме на некои од најдобрите парчиња од минатата сезона, но ви предлагаме и некои нови што ќе бидат вистински хит оваа пролет.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
2 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.697 пати