Оваа сезона инвестирајте во здолниште во А линија

11 ноември 2013

Дали на светот постои жена која не си се допаѓа себеси во здолниште во А линија? Иако оваа сезона ултра популарни се здолништата во вид на пенкало и оние волуменозните, вие задолжително одберете си и едно во А линија. Истото совршено ќе ви ги покрие недостатоците, а ќе ви ги открие вашите, прекрасни нозе.

Ова здолниште стана популарно уште во текот на летото, кога кај трендесетерките можевме да видиме такви во најразлични бои, дезени, материјали и принтови.

Иако овие здолништа беа многу популарни уште пред многу години, истите денеска се враќаат на голема врата.

Без разлика какво здолниште и да одберете, нема да погрешите. Доколку одберете еднобојно, би било супер истото да го комбинирате со морнарска блузичка или кошула.

Нашето омилено е кусото здолниште во А линија со принт од зебра во комбинација со црна или бела кошула и секако, високи потпетици или чизми до колена.

Објавено:
11 ноември 2013
Категорија: 
Тренд