Овие девојки знаат како да носат чизми над колена

10 ноември 2018

Чизмите над колена се едни од најпопуларните модели чевли оваа сезона, но истите се малку комплицирани за комбинирање и секогаш е потребно малку повеќе храброст.

Но, тоа не значи дека не треба да ги носите, туку едноставно да внимавате со кои парчиња ќе ги стилизирате за да изгледаат добро.

За лежерен изглед, комбинирајте ги со волуменозен џемпер и фармерки или пак ролка и плисирано здолниште кое малку ќе ги покрие.

За посвечен изглед со овие чизми, одберете лежерен фустан или впечатливо здолниште со длабок отвор и некоја елегантна кошула.

Ако ви е потребна мала инспирација, овие пет дами знаат како да носат чизми на колена на супер софистициран начин.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
10 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.436 пати