Со првите сончеви зраци дојдоа и разните трендови кои се чини дека ќе ги обожаваме во топлата сезона за која се надеваме дека ќе дојде многу брзо.

Она што прво ни го задржа вниманието и е интересен моден додаток за оние денови кога сакате да ги украсите комбинациите, се овие кратки мрежести чорапчиња со панделка во задниот дел.

Светските блогерки сакаат да ги носат со ниски патики кои се хит сезонава, но и со разни шик чевли чие време допрва доаѓа.

Овие чорапи се совршен начин да ја зачините секоја комбинација, а откако се вратија назад на модната сцена се чини ниту еден стајлинг не поминува без нив.

Девојките сакаат да ги носат и во комбинациите со фармерки и патики, но и со вечерни фустани или пак куси здолништа за секси, но никогаш нападен изглед.

Доколку сакате да ги комбинирате во дневните комбинации, потрудете се тоа никогаш да не изгледа вулгарно, туку модерно и шик.

Социјалните мрежи во последно време се преплавени со овој тренд на куси мрежести чорапчиња со панделка кои изгледаат навистина слатко и можете да ги комбинирате со што и да посакате.

Ако ви се допадна овој тренд, а немате идеја како да ги комбинирате, имате супер инспирација во галеријата погоре.

Објавено:
15 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.415 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr