Овој скандинавски бренд го има најубавиот фустан сезонава

1 октомври 2018

Скандинавскиот бренд Џани веќе неколку сезони е еден од омилените на девојките ширум светот, а се чини и оваа есен има супер популарно парче кое е навистина неодоливо.

Овој бренд е познат по прекрасните и романтични фустани, а истите ги обожаваат и девојките како Бијонсе, Кајли Џенер и Селена Гомез.

Како и секоја сезона, така и оваа, брендот задолжително има по едно парче кое за кратко станува хит и можеме да го видиме на речиси сите Инстаграм профили на популарните девојки.

Овојпат, станува збор за прекрасен фустан во сина нијанса изработен од тул на кој се извезени мали ситни цветчиња од мониста во црна и бела боја.

Девојките обожаваат да ја носат со разни модни додатоци, а истата одлично изгледа и со патики и со потпетици.

Како вам ви се допаѓа овој романтичен фустан?

Инфо: Miss7

Објавено:
1 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
951 пати