Палета на сини нијанси во есенскиот колорит

13 ноември 2017

Покрај земјените тонови што традиционално ја сочинуваат есенската палета, сезонава сме сведоци на колоритна експлозија во есенските трендови.

Не ретко ќе видиме излози обоени во јака црвена или портокалова боја, а како контраст на овие интензивни бои, е исто толку актуелната палета на пастелни нијанси.

Меѓу нив, сината боја и сите нејзини нијанси се издвојуваат со својата актуелност. Оваа боја е застапена во новите тенденции, од нејзините најтемни до најсветлите варијанти, комбинирани меѓу себе или во склоп со монохроматската палета или пак во колор блок варијанти со останатиот спектар на бои.

Издвоивме неколку урбани комбинации за инспирација.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
13 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.622 пати