Панталоните со висок струк ѝ ласкаат на женската фигура

7 февруари 2018

Во колекциите на светските брендови за претстојната сезона пролет-лето 2018, забележуваме тенденција која беше актуелна неколку сезони наназад, а останува исто толку популарна и сега – панталоните со висок струк.

Облеката со висок струк која беше карактеристична и за 90-те години, еден период беше ставена во сенка, но последниве неколку години повторно се врати и тоа на голема врата на модната сцена.

Панталоните со висок струк ѝ ласкаат на женската фигура, визуелно ја издолжуваат и тоа е една од карактеристиките зошто жените обожуваат да ги комбинираат во својот аутфит.

Претстојните пролет и лето сите ние ќе имаме „сладок проблем" за кои модели да се одлучиме, со оглед на тоа дека изборот ќе биде фантастичен.

Панталони во пруги или геометриски принтови, во интензивни или суптилни бои, во комбинација со џинс или лакирана еко кожа, кој е вашиот избор?

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
7 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.648 пати