Парчиња од лен – практичен избор за шик изглед во топлите денови

8 април 2019

Иако деновиве повеќе потсетуваат на есен според временската прогноза, сепак пред нас е топлата сезона, а воедно и период кога правиме темелна трансформацја на плакарот.

Плетенинте, дебелите капути и топлите туники ги пакуваме за следната зима, а сега е редот на лесната и пријатна облека, а со тоа и на природните матријали што ни овозможувааат комфорт во сопствената кожа.
Ленот важи за еден од најпрактичните материјали што пред сè ѝ дозволува на нашата кожа да „дише", па токму поради оваа негова карактеристика, дизајнерите често го имплементираат во дизајнот на нивните летни колекции.

Вообичаено, ленот е во комбинација со земјени, суптилни тонови, но со оглед на тоа дека оваа пролетна сезона акцентот е ставен на интензивниот колорит, не е исклучена можноста за парчња изработени од лен во нагласени нијанси.

Парчињата од лен може да ги комбинираме и во лежерни, но и во деловни аутфти, споени со впечатливи модни додатоци што ќе стават акцент на изгледот.

Нашиот избор што ќе ви помогне да се инспирирате, ви го проследуваме во галеријата во продолжение...

 

Објавено:
8 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.773 пати