Веројатно забележавте дека сезонава во речиси сите дизајнерски колекции и оние на high street брендовите има голем број на парчиња со животински принт, што значи дека и сезонава ќе ги носиме.

Освен стандардниот леопард принт, оваа есен има прекрасни парчиња со принт на зебра, тигар и змија кои се подеднакво шик.

Без разлика дали ќе се одлучите за фустан, кошула, чанта, чевли или некој друг моден додаток, во вашиот плакар задолжително мора да имате барем едно парче со ваков принт.

Девојките ги обожаваат блузите со овој принт и тоа во комбинација со џинс во светла нијанса, едноставен ремен и соодветни чевли за супер тренди изглед.

Парчињата со овој принт подеднакво добро стојат и на тесни кожени или тексас здолништа, а ако сте доволно храбри, она што може да го набавите е совршен и едноставен капут со ваков принт кој ви е доволен да бидете впечатлива претстојната студена сезона.

Кратките чизмички до глуждовите од превртена кожа со ваков принт се подеднакво барани и одлични за преодната сезона што е пред нас, па доколку сè уште не сте набавиле едно, денеска е време за тоа.

Извор и фото: Buro 24/7

Објавено:
17 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
386 пати