Пастелна зимска палета

1 ноември 2017

Иако пастелната палета на бои е поблиска карактеристика на летната сезона, слободниот израз на индивидуалниот стил не прави дистинкција врз ниту една основа, па ниту кога се во прашање боите за одредени сезони.

Па така нека не ви биде невообичаено, ако оваа зима покрај целата таа палета на јаки и интензивни бои, „ви падне во око" некое парче во нежна, пастелна нијанса.

И оваа пастелна палета има свое место меѓу актуелните тенденции: нежно розова, боја на лаванда, небесно сина, бледо зелена – комбинирани во топли, удобни зимски комбинации.

Истовремено, овие нијанси се актуелни и помеѓу модните додатоци како што се лакованите чизми до глужд, крзнените шалови, плетените капи...

Нам особено ни се омилени оние комбинации кога пастелните бои се комбинирани меѓу себе или пак се споени со неутрални нијанси.

Фото извор: Pinterest

 

Објавено:
1 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.512 пати