Пастелно зелените парчиња ќе бидат хит оваа пролет

21 март 2017

Можеби никогаш и не сте се сетиле на оваа прекрасна боја и колку таа може да биде впечатлива во разните секојдневни комбинации, особено во ова време од годината.

Оваа шармантна минт боја ќе биде хит во претстојната топла сезона, па доколку сѐ уште немате некое парче во оваа нијанса, тогаш задолжително набавете си барем едно.

Како и секогаш, high street брендовите први се подготвија со парчиња во оваа нијанса, па така во омилените H&M можете да најдете прекрасни кошулки во оваа боја, но и такви кои се украсени со разни цветни детали.

Некои од нив дури претставија и кожена јакна во оваа боја со ефектни украси, која иако можеби не можете да си ја замислите, изгледа навистина шик.

Сепак, оваа пролет најпопуларни се маичките на куси ракави со натписи во предниот дел, широки или тесни со карнери, со разни закопчувања и што уште не.

Девојките ги обожаваат и тесните фустани во оваа боја кои можат да ги комбинираат со некои тексас јакни и бели патики, но и романтичните кошулки со разни украси кои најчесто ги носат со фармерки со висок струк во светла нијанса.

Во галеријата можете да го погледнете изборот од околу 20 парчиња и да го одберете вашиот фаворит за топлото време кое се чини многу брзо ќе дојде.

Објавено:
21 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.784 пати