Педесет нијанси на црвено

26 август 2013

Долче и Габана

 

Модните дизајнери оваа зимска сезона решија да ја обојат во бојата на страста, на виното и љубовта. Црвената боја на далечниот Исток е симбол на богатство и среќа, а во будизмот е симбол на сочувство. Како и да е оваа нијанса е главниот протагонист во филмот „Тенденции есен-зима 2013/14“.

 

Бурбери Прорсум

 

Структурирана со геометриски форми во модниот свет на Ботега Венета, Кензо и Алберта Ферети, со акцент на рамениците. Долче и Габана пак своите црвени парчиња облека ги декорираа со безброј скапоцени камења, меѓу кои има рубини, па направија да изгледаат кралски вдахнувајќи им го духот на аристократијата. Версаче црвената боја ја етикетираше како тон кој ќе биде следниот предводник на новиот панк-рок-глам правец. А својата чистина оваа нијанса ја задржа во креациите на Бурбери и Валентино.

 

Ботега-Венета

 

Комбинациите се бескрајно море, чии бранови носат нови инвенции и креативни идеи.

Носете црвено!

 

Објавено:
26 август 2013
Категорија: 
Тренд