Со враќањето на 1970-тите во модниот фокус, на сцена се вратија и пелерините. Тие се апсолутен хит оваа сезона, до тој степен што многумина и не помислуваат на капут.

Еднобојни или со принт, со реси или без, лесно се вклопуваат во сечиј плакар. Иделаното кај нив е што можете да носите и блуза и дебел џемпер и да не се чувствувате непријатно поради тоа. Слоевитоста што зимата ја наметнува не пречи при носењето на пелерината. Не размислувате дали ќе можете да се закопчате или дали ќе се истуткате.

Можноста да бирате помеѓу повеќе модели и дезени го прави ова парче адаптибилно за повеќе стилови, од лежерен до елегантен.

Застапеноста на засечените ракави на капутите алудираат на тоа дека пелерините ја завршиле својата работа за оваа сезона.

Имате ли вие некоја за оваа есен-зима? Нашите предлози се во галеријата.

Објавено:
4 ноември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
13.960 пати