Пет есенски комбинации за секој ден од неделата

22 октомври 2018

На почетокот на неделата секогаш е тешко да се смислат комбинации во кои ќе изгледате беспрекорно каде и да се појавите, па секогаш е добредојдена некоја инспирација.

Никогаш нема да погрешите ако одберете парчиња кои се вистинска класика како црн џемпер, џинс, тесно здолниште, мантил во крем нијанса, потпетици или чизми, па така секогаш ставете ги на прво место.

Фото: Fashionista

Она што девојките го обожаваат оваа сезона се фустаните од кадифе кои се како создадени за студените денови, а истовремено се толку стилски и впечатливи.

Ако сакате некоја полежерна варијанта, едноставните фармерки со висок струк комбинирајте ги со црна ролка и стилско палто, а акцент ставете на модните додатоци.

Во комбинација со елегантна кошула и кусите здолништа секогаш знаат да изгледаат стилски, така што оваа недела и тие се добредојдени.

Како инспирација за сите денови од оваа недела, ви предлагаме пет комбинации со кои се надеваме ќе ви го олесниме изборот.  

*Понеделник

*Вторник

*Среда

*Четврток

*Петок

Фото и инфо: Modamo.info

Објавено:
22 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.171 пати