Пет летни модни грешки

13 јули 2013

Летото и модата се совршен пар, но во оваа врска постојат моменти кои не смеете да дозволите да ви се случат. Ако сакате да бидете во тренд и притоа да изгледате перфектно, прочитајте ги петте најголеми модни грешки кои можете да ги направите ако претерате со стилот.

Прекратки панталони

Жешките кратки панталончиња се вистински летен хит, и се дел од имиџот на секоја девојка. Лесни за комбинирање и одлични за секоја пригода. Но тенка е границата помеѓу долна облека и панталони, факт за кој многу девојки и жени не прават разлика. Правилото е едноставно. Задникот мора да остане скриен под панталончињата. Прекратките панталони делуваат вулгарно и невкусно, а неколку сантиметри плус материјал може да изгледа модерно и секси.

 

 

 

Екстравагантни костими за капење

Ова лето мошне популарни се едноделните костими за капење кои повеќе личат на мини фустанчиња или топ блузички. Се чини дека не сте ги купиле за да се сончате на плажа со нив туку да позирате за некој моден едиторијал или да пиете коктел во некој бар. Не треба слепо да ги следите модните трендови, купете си костим за капење кој одговара на вашата конституција и со кој ќе можете да исончате поголем дел од вашето тело. Бронзениот и чоколаден тен е исто така мошне модерен и тренди.

 

 

Зимски чизми на плус 30 степени

Овој тренд наиде како на позитивни така и на негативни кометари. Летните чизми, кои се направени од лесни материјали со многу дупчиња на нив и имаат отвор за прстите напред, се дефинитивно ин за летната сезона. Модата оди и дотаму што некои девојки обожуваат да носат кожни каубојски чизми. Тоа е нешто што сигурно е аут, а освен тоа е и многу неудобно за вашите стапала, бидејќи се потат, ногата не диши и можат да се јават алергиски реакции.

 

 

Неуредни стапала

Отворените обувки, сандалите и влечките кои ги носиме во лето не дозволуваат да имате неуредни стапала и нокти. Освен што не изгледа тренди и модерно, тоа е и одраз на хигиена. Доколку не можете да си дозволите пилинг и педикир на козметичар, процесот на чистење и нега можете да го изведете и дома. Постојат евтини препарати и производи за кои сме сигурни дека ќе ви го обезбедат приближно истиот ефект на совршено негувани стапала како да сте посетиле козметичар.

 

 

Погрешен избор на долна облека

Најчеста грешка која се повторува секое лето е изборот на долна облека. Иако многумина не сакаат да носат танга мора да констатираме дека тој крој на долна облека сепак е најсовршен доколку носите фустанчиња, кратки панталони, ленени долги панталони, а не сакате да ви се познава работ на гаќичките. Но за среќа постојат и такви гаќи кои имаат мазни рабови, па  можете да го одберете овој тип на долна облека. Исто така треба да внимавате и на изборот на дезенот, без разлика дали станува збор за гаќи или прслуци секогаш треба да ви бидат во тон со облеката која ја носите. Најпрактични за летната сезона се прслуците без прерамки, но сепак изборот е ваш. И да напоменеме дека најудобна и најпрактична долна облека е памучната. Избегнувајте ги свилените и синтетичките материјали кои се вистински непријател на вашето тело во овие летни жешки денови.


 

Објавено:
13 јули 2013
Категорија: 
Тренд