Пет впечатливи одела за зимската сезона

30 ноември 2017

Класичното одело еволуираше во толку различни модификации, што за секоја прилика и за сечиј имиџ постои совршено одело.

Ние обожуваме да го носиме во спортска варијанта со патики и маичка со натпис, но исто така носиме одело и во отмена варијанта за свечени поводи.

Оваа зима меѓу тенденциите се неколку идеални примероци на одела, што во зависност од кројот, дезенот и материјалот од кој се изработени, може да ги планирате за различни ситуации.

Со оглед на тоа дека празничната еуфорија веќе се насетува, совршен избор на одело за некоја од предновогодишните забави или за самата новогодишна прослава, се „глитер" оделата во кои буквално ќе блеснете.

Отмено, женствено и елегантно – таков доем оставаат костумите изработени од кадифе во некоја загасите боја, како темно зелена, виолетова или тегет.

Ако сакате да бидете забележани и да оставите силен впечаток, тогаш ви препорачуваме одело во интензивна црвена боја, комбинирано со плетена блуза во нијанса на карамела или беж.

Костумот со интересен дезен или впечатлив принт е идеален баланс помеѓу деловниот стил и уникатниот шик изглед. Стајлингот ќе биде комплетен кога струкот ќе го нагласите со ремен врз сакото.

Класично црно одело со панталони со широки ногавици е дефиниција за перфектен минимализам и безвременска комбинација која може да ја модифицирате во зависност од пригодата. Додадете суптилен накит и подготвени сте од канцеларија да продолжите на коктел забава.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
30 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
772 пати
Тагови: 
тренд зима одела