Pinterest одговора на прашањето кои ќе бидат најпопуларни трендови во 2017

3 јануари 2017

Тимот на една од најпопуларните онлајн платформи, Pinterest, направи истражување за тоа кои се потенцијалните трендови за 2017 година. При тоа, во предвид биле земени порастот на интересот за одредена тема, критичната маса на оваа популарна платформа, како и временскиот период од последните неколку месеци. Освен најпопуларни модни трендови во новата година, исто така Pinterest ги предвидува и трендовите во уредувањето на ентериерот, омилените гастрономски рецепти, како и трендовите во фитнесот, технологијата и светот на шминката.

Иако истражувањата на Pinterest не се конечниот одговор на прашањето кои ќе бидат најголемите трендови во 2017, сепак онлајн пребарувањата од милијарда различни прачиња, ги истакнаа десетината најпопуларни. Предвидувањата на оваа платформа не носат големи изненадувања, па помеѓу најобожуваните трендови во 2017, според пребарувањата на корисниците на оваа мрежа ќе бидат: ѕвонестите форми, панталоните со широки ногавици, персонализираниот џинс, „пижама" оделата, слип фустаните, маичките со натписи, парчињата инспирирани од 80-те, како и неутралните бои.

Објавено:
3 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.551 пати