Пижами Yamamay за удобни и безгрижни ноќи

13 март 2017

Веќе знаеме дека пижамите се едни од најудобните парчиња на светот и дека девојките толку многу ги обожаваат, што почнаа да ги носат и во секојдневните комбинации.

Секако, дизајнерите и популарните high street брендови се погрижија тие да бидат малку поразлични од оние памучните, но сепак подеднакво стилски.

Денеска ние ќе ви претставиме неколку чифта фантастични модели на пижами во кои знаеме дека ќе се вљубите на прв поглед.

Станува збор за фантастичните пижами од брендот Yamamay направени од исклучително квалитетен материјал што ќе ви овозможи спокој и уживање во текот на целата ноќ.

Истите се совршени и за подарок за вашите сакани, бидејќи ќе го задоволат сечиј вкус, а имате и можност за избор од големата понуда на брендот.

Првиот модел пижами се во црно – бела варијанта составени од удобни широки панталони и горна пижама со ремен за заврзување на половината.

Подеднакво прекрасни се и вторите, целосно свилени пижами кои на ноќите ќе им дадат една сосема поинаква димензија.

Истите се составени од три поединечни парчиња, односно шармантни панталони со тантела во долниот дел, неодолива маичка на тенки прерамки и наметка со ременче за заврзување.

За сите оние девојки кои сакаат минимализам, тука е и третиот модел на пижами во црно – бела нијанса. Како и претходните, така и овој модел е составен од три парчиња, односно нежна бела маичка, црни панталони – пижами и слатка памучна црна наметка со бели точки по површината.

Уживајте во удобноста на домот со овие шик црни влечки со крзно во предниот дел кои се направени од мек и нежен материјал што ќе ви овозможи комфор како никогаш досега.

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Magnetik Group

Шминка: Даниел Николовски

Модел: Марго Бојаџиевa

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
13 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
616 пати