Плетените парчиња што го освоија Инстаграм

23 јануари 2017

Оваа зима како и речиси секоја друга најголеми обожаватели сме на плетените парчиња, а со оглед на ниските температури со кои се соочуваме подолго време, па и нема некое друго решение.

Доколку сте верни следбеници на модните профили и оние на познатите брендови, тогаш сигурно забележавте дека омилената комбинација за оваа сезона се едноставните и шик фармерки со лежерните и широки плетенини што девојките ги обожаваат.

Прекрасен е и профилот на уникатните I Love Mr.Mittens кои и по неколку години сѐ уште се најпопуларни кога станува збор за плетенините бидејќи постојано имаат нови парчиња и супер тренди идеи.

Покрај тоа што плетените парчиња на брендот се популарни на многу континенти, истите се и многу квалитетни.

Секое парче се состои од 100 проценти волна и е рачно направено, а иако основачката Стефани е многу млада, занаетот го научила уште од малечка од нејзините баба и мајка.

На профилот на Инстаграм ќе најдете џемпери и разни други парчиња во многу бои и модели кои девојките ги комбинираат на бројни начини кои нам особено ни се допаѓаат.

Со оглед на тоа што џемперите Стефани ги прави претежно сама, односно станува збор за рачна работа, парчиња има многу малку и се прават исклучиво по нарачка.

Најголемите Инстаграм ѕвезди веќе го имаат својот примерок, а доколку и вам ви се допаѓаат, сега е вистинско време да си нарачате едно парче.

Објавено:
23 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.916 пати