Еден од најголемите трендови за следната сезона што девојките веќе го обожаваат, се плисираните здолништа што можат да се комбинираат многу лесно.

Предноста на ова парче е тоа што може да се носи и во било која пригода, односно може да го носите во вашите дневни комбинации, но и за вечерните излегувања.

Многу лесно може да го комбинирате и со секаков вид чевли, односно со рамни балетанки, високи потпетици, а трендсетерките ги носат плисираните здолништа и со шик бели патики.

Во ова време од годината, носете го со модерно џемперче, стилска кошулка, а во омилената пролет која едвај ја чекаме и со маички на куси ракави.

Едно од најбараните парчиња е плисираното здолниште во златна нијанса кое и најчесто можеме да го видиме во комбинациите на девојките ширум светот.

Подеднакво посакувани се и колор блок здолништата што изгледаат навистина впечатливо, но и кожените црни кои впрочем се и едни од најелегантните модели.

Во галеријата погледнете го најдобриот избор на плисирани здолништа за сезонава и одберете го вашиот фаворит.

Објавено:
4 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.618 пати