Стилското плисирано здолниште е едно од најпосакуваните парчиња оваа сезона, бидејќи истото им дава женствена нота на сите комбинации што можете да ги замислите.

Оваа есен, девојките го комбинираат со разни парчиња, почнувајќи од елегантни кошули, па сè до маички на куси ракави, спортски блузони, шик палта и што уште не.

Во оваа преодна сезона, носете ги со рамни патики, чизмички до глужд, балетанки, а во оние студени зимски денови, совршено одат со високи кожени чизми до колената.

Минатата сезона беа популарни металик моделите, но оваа девојките ги обожаваат во секогаш елегантната црна, темно зелена, кафена, крем и бордо, во некои пријатни материјали, со фокус на кожа.

Овие здолништа биле вистински хит и во времето на нашите мајки, па можеби и во нивниот плакар ќе најдете некое хит парче кое и денеска можете да го носите.

Погоре во галеријата погледнете некои од највпечатливите модели оваа сезона.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
2 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.166 пати