Plus size модели фармерки за сечиј вкус!

13 март 2017

Доколку мислевте дека на Балканот не постои бренд кој во својата понуда има plus size парчиња, тогаш дефинитивно не сте налетале на AMDS jeans.

Хрватскиот бренд деновиве ја објави и својата нова кампања за пролет 2017 година преку која испрати силна порака дека „Сите сме еднакви“.

Како заштитни лица на кампањата се јавуваат Инстаграм блогерката и фотографка Дора Баркер, познатиот хрватски plus size модел Луција Лугомер и студентката и модел Луција Раиќ.

На фотографиите можете да ги видите новите модели одлични фармерки за plus size девојки, но и бројни други.

Пораката е дека моделите на брендот навистина добро им прилегаат на голем број девојки со различни градби, а фактот дека во продавниците навистина многу малку се застапени моделите за plus size, докажува и фактот дека истите се распродале за рекордно време.

Како што соопштуваат од брендот, најголем интерес имало за тесните фармерки во светло сина нијанса кои одлично прилегаат со голем избор на други парчиња.

Поради големиот интерес, дизајнерите од брендот ја надополнија актуелната понуда со по уште некој модел и разни бои на plus size фармерки.

Погледнете дел од нивната понуда и пронајдете го вашиот фаворит. 

Објавено:
13 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.138 пати
Извор: 
journal