Почна сезоната на празничните џемпери

23 ноември 2018

Иако има уште повеќе од месец дена до Нова година, модните high street брендови веќе одамна имаат голема понуда на празнични парчиња, но како и секогаш, џемперите се највпечатливи.

Истите ги носиме со години, но дефинитивно никогаш нема да ни здодеат, бидејќи секогаш внесуваат прекрасна атмосфера во нашето секојдневие.

Фото: Good Housekeeping

Покрај тоа што се навистина впечатливи, тие се и неверојатно удобни и топли, а се лесни за комбинирање, па така можете да ги носите за разни пригоди.

Тие дефинитивно ќе бидат нашиот прв избор во следниот месец, а ќе бидат и одлични за правење кул празнични фотографии со пријателите и семејството.

Носете ги со едноставни фармерки со висок струк, чизми или едноставни бели патики за кул изглед во текот на целата празнична сезона.

Во галеријата погледнете избор од неколку впечатливи празнични џемпери што знаеме дека ќе ги обожавате.

Извор и фото: fashion.hr

Објавено:
23 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
689 пати