Почнува сезоната на џинс јакни

4 септември 2018

Почнува сезоната на џинс јакни... А дали воопшто некогаш завршила?

Ги носиме и во лето, врзани околу струк со омилениот пар кратки, џинс шорцеви, а ги носиме и во зима, комбинирани во нашите слоевити аутфити.

Но, дефинитивно нивна сезона е почетокот на есента. Џинсот е феномен кој никогаш не губи од својата популарност, единствено ја менува формата и дизајнот, соодветни на актуелните тенденции, но основата е незаменлива.

Така и оваа есен џинс јакната ќе најде соодветно место во речиси сите есенски стајлинзи, независно дали се работи за свечен изглед, спортска комбинација или дури и неконвенционален венчален изглед.

Џинс јакната ја носиме споена со џинс килоти или тесни фармерки, со елегантен црн фустан или бохо здолниште, со класични панталони и патики... Едноставно, нејзиниот универзален карактер е во функција на практичниот, а неверојатно шик изглед.

Неколку идеи издвојуваме во галеријата во продолжение...

Објавено:
4 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.645 пати
Тагови: 
џинс јакна