Портокалово е новото црно!

15 јануари 2018

Доколку важите за стилски авантурист и сакате да излезете од рамките на комфорната зона што ја нудат на пример монохроматската палета на бои или земјените, кафени тонови, тогаш ние ви предлагаме оваа зима да направите експеримент што ќе вклучува интензивни нијанси на портокаловата боја.

Затоа што важат за впечатливи, овие тонови секако ќе привлечат внимание на вашата појава.

Покрај тоа, нагласената портокалова боја е една од најактуелните нијанси во сезонската палета, така што нема да имате проблем при изборот на парчиња.

Портокаловата е присутна во секој сегмент од актуелната понуда на трендовски парчиња облека, џемпери, макси капути, панталони, па се до интересни модни додатоци како крзнени капи и шалови, чизми и чанти.


Пробајте со комбинација на црна и портокалова или пак вметнете ја оваа боја на џинс основа.

Неколку идеи плус во галеријата во продолжение:

Фото извор: Пинтересет, Инстаграм

 

Објавено:
15 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.173 пати