Принтовите што ќе ги носиме летово

16 јуни 2017

Не, не мислиме на риги. Тоа е класика и се подразбира. Принтовите се актуелни речиси секоја сезона, но во зависност од тенденциите, се приспособуваат на трендовите.

Така, во продолжение ќе ви претставиме четири типа принтови што најмногу ќе ги среќавате, па ако сè уште немате такво парче, еве инспирација:

 

Овошен принт

фото извор: Belle de Couture

Прва асоцијација веројатно ви е брендот „Долче и Габана“ и со право, бидејќи тие го вратија на модната сцена овој принт. Фустани, наметни, костими за капење, маички со ананас, јагоди, цреши, банани, лубеница – совршен избор за сите што сакаат да се забавуваат и преку модата.

 

Точки

фото извор: fashionvignette.blogspot.mk

Најмногу ќе го сретнете на кошулите, фустани и здолништата. Ако сте обожавател на точките, тогаш веројатно ќе пронајдете и костими за капење со овој принт, како и чанти или паричници. Дека ова е еден од летните хитови говори и податокот дека „Гучи“ ги имплементираше во својата летна колекција, а се актуелни и кај уличните брендови.

 

Винтиџ цвеќе

фото извор: fashionvignette.blogspot.mk

Цветниот принт не е никакво изненадување. Новитетот, ако воопшто може така да се нарече е во витниџ стилот.  Ако не ги сакате веќе видените цветни фустани или здолништа, тогаш обидете се со панталони или уште повеќе чевли, шешири, комбинезони или костими за капење во овој стил.

 

Листови

фото извор: fashionvignette.blogspot.mk

Листовите се можеби и најпопуларниот принт за сезонава, особено папрат листовите. Ги има буквално на сè – сакоа, чевли, чанти, фустани, маици, па дури и крпи за плажа, а сè благодарение на брендови како што се „Макс Мара“, „Софија Вебстер“, „Reserved“ и многу други, кои придонесоа за неговата популаризација.

Објавено:
16 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
641 пати
Тагови: 
принтови лето 2017